Германија ја оцени ситуацијата во Србија како „загрижувачка“, Белград ги отфрла обвинувањата
Министерството за надворешни работи на Германија ја оцени ситуацијата во Србија како „длабоко загрижувачка“, истакнувајќи дека активистите таму се соочуваат со напади поради искажување на своите ставови.
„Ситуацијата во Србија останува загрижувачка. Активистите се мета на напади и кампањи на оцрнување само затоа што го креваат својот глас“, оцени германското МНР на платформата Икс.
Берлин нагласи дека „медиумите и политичарите треба да се однесуваат одговорно“ и потсети дека Србија како кандидат за членство во ЕУ треба да ги почитува владеењето на правото и човековите права.
Изјавата доаѓа во контекст на повеќемесечни протести во Србија, каде што демонстрантите бараат одговорност по трагичниот инцидент во Нови Сад, каде што загинаа 15 лица по уривањето на кровната конструкција на железничката станица на 1 ноември.
Белград остро реагираше на германското соопштение, оценувајќи дека е резултат на „клеветничка кампања“. „Категорично ги отфрламе овие неосновани генерализации.
Сите сомнежи треба да се расчистат преку конструктивен дијалог и докази, а не преку неосновани тврдења“, соопшти српското МНР.
Српските власти додадоа дека земјата има „разновиден политички и медиумски пејзаж“ и останува посветена на демократските вредности и човековите права, барајќи од Германија да пристапи кон овие прашања со почит кон суверенитетот на Србија.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за февруари 63 773 денари, зголемена за 521 денар во однос на јануари
-
Нови 2.726 случаи на заболени од грип изминатата недела, намалување за 5,3 проценти во однос на претходната недела
-
Вреди: М-НАВ - фамилијарна пирамида на ДУИ каде со правилно презиме се добива дебела плата
-
Утре и во сабота стабилно со многу ниски утрински температури, од недела наоблачување
-
Чешка: Малолетник уби две жени во напад со нож
-
„Визер“ од 9 март повеќе нема да лета од Скопје до Будимпешта
-
СДСМ: Мерките се задоцните и без суштина
-
Мицкоски во САД