Германија и Франција разгледуваат тужба на ЕУ против „Астра Зенека“
Германија и Франција денеска побараа повеќе време да разгледаат дали ЕУ ќе ја тужи Астра Зенека за намалување на испораките на договорени вакцини, јавија германски медиуми, повикувајќи се на изјави на двајца дипломати. Тие тврдат дека повеќето членки на ЕУ ги поддржуваат правните постапки.
Дипломатите, кои одбија да бидат именувани, рекоа дека дискусијата за тужбата против Астра Зенека се одржала на состанокот на Европската комисија вчера.
Претходно, се појави информација дека Европската комисија се подготвува да поднесе тужба против Астра Зенека, јави европски „Политико“, повикувајќи се на пет неименувани дипломати на Европската унија.
На состанокот на амбасадорите повеќето земји-членки на ЕУ изјавиле дека ќе ја поддржат тужбата против фармацевтската компанија во врска со поплаките дека не доставила договорена доза на вакцини за коронавирус до Европската унија.
Судската постапка има за цел да ја принуди Астра Зенека да ги обезбеди дозите предвидени во договорот со ЕУ, наведува неименуван дипломат.
Ново на Сител
-

Почнаа руско-украинските преговори под покровителство на САД во Абу Даби
-

Во велешката болница било донесено починато шестогодишно дете од Градско
-

Кривична за управител на правно лице, со фалсификување документи го оштетил РЕК Битола за сума од скоро 90.000 евра
-

Пожарот кај Тутунски комбинат локализиран, нема повредени
-

Извршени првите тренажни летови со „Ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување
-

Во пораст бројот на заболени од рак на грлото на матката, најмладите пациентки се на 18 годишна возраст
-

Победи за Алкараз, Медведев и Сабаленка на Австралија опен
-

Ѓоковиќ го откажа тренингот во Мелбурн
