Германија ги категоризира земјите во само две ковид зони: „висок ризик“ и „вирусна варијација“
Од денеска сите кои од странство пристигнуваат во Германија мора да достават негативен тест за коронавирус, документ дека биле заразени со коронавирус или дека се вакцинирани.
Мерката не се однесува на деца под 12 -годишна возраст.
Исто така, од денеска, Германија ќе ги категоризира земјите само во две зони: „зони со висок ризик“ и „зони со вирусни варијации“.
По пристигнувањето од „области со висок ризик“, граѓаните кои не се вакцинирани или претходно немале коронавирус, подлежат на 10-дневен карантин.
По пристигнувањето од „зони со вирусни варијации“ ќе мора да минат во задолжителен 14-дневен карантин.
Секоја федерална држава самостојно ги уредува деталите за карантинот и може да ги заостри мерките, предупредува Министерството за надворешни работи.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи