Балкан
13. April 2017 - 21:04

Герџиков и Дачиќ разговара за воведување единствена гранична контрола

Бугарскиот премиер Огњан Герџиков и српскиот прв заменик-премир и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска во Босилеград разговараа за можноста за воведување на единствена гранична контрола на границата меѓу Бугарија и Србија, јави БТА.

- За тоа прашање разговаравме со вице-премиерот Дачиќ. Сметам дека ЕУ не би забранила таква иницијатива, имајќи ја пред вид перспективата на Срибија во Европската унија, изјави Герџиков на крајот на денешната посета на српскиот град Босилеград. 

Пред средбата, Герџиков и Дачиќ положија цвеќе на споменикот на бугарскиот национален херој Васил Левски во Босилеград.

Герџиков, при тоа, изјави дека Левски не е само бугарски херој, бидејќи тој се борел за слободата на сите балкански земји. 

Дачиќ од своја страна нагласи дека Левски е симбол на слободата, додавајќи дека Србите и Бугарите имаат многу заеднички работи. - Треба да ги гледаме вредностите, кои не поврзуваат. Неразбирањето раѓа насилство, изјави Дачиќ. 

Средбата се одржа на иницијатива на градоначалникот на Босилеград, Владимир Захариев, кој воедно е и претседател на Националниот совет на бугарското национално малцинство во Србија.

- Целта на оваа иницијатива е историско помирување меѓу бугарскиот и српскиот народ. Треба да знаеме да ја почитуваме историјата, но уште поважно е да изградиме подобра иднина за нашите два братски народи, рече Захариев.