-->
-->
Генерал потполковник Величковски на конференција на началници на ГШ на балканските земји во Истанбул
-->

Делегацијата на Армијата на Република Македонија (АРМ) предводена од началникот на Генералштабот генерал потполковник Методија Величковски денеска учествуваше на 10 - та конференција на началниците на ГШ на балканските земји (Balkan Countries' CHODs Conference), што се одржа во Истанбул, Република Турција.
На конференцијата, соопшти денеска Канцеларијата за односи со јавноста во ГШ на АРМ, учествувале началниците на генералштабови од девет балкански земји членки (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Македонија, Романија, Србија, Турција и Црна Гора).
Генералот Величковски за време на форумот остварил одвоени билатерални средби со своите колеги од Турција, Словенија, Хрватска и Србија, на кои се дискутирало за идентификување на можностите, облиците и мерките за зајакнување на понатамошната воената соработка.
- Акцент за време на конференцијата и реализираните средби беше ставен на подобрување на регионалната соработка од воена перспектива во смисла на заканите и безбедносните предизвици во 2016 година предизвикани од нелегалната миграција, меѓународниот тероризам, сајбер заканите и други, стои во соопштението.
Теми на разговор биле и идентификување на можни области за соработка во духот на „паметна одбрана“, „обединетост и споделување“ и „иницијатива на поврзани сили“, зголемување на соработката со НАТО, ЕУ и други организации со што дополнително се дава придонес и вреднување на интероперабилноста и меѓусебната поврзаност помеѓу вооружените сили на земјите членки на форумот, со цел обезбедување на приоритетите за поддршка и подобрување на меѓусебната координација.
Оваа активност креирана во вид на форум која се одржува еднаш годишно со ротирачки циклус на земја домаќин, се појаснува во соопштението, претставува особено значаен механизам за соработка на полето на одбраната и промоција на регионалната безбедност на земјите членки, бидејќи на овој вид средби се разменуваат идеи и произлегуваат иницијативи за соработка во областа на военото образование, заедничка обука и вежби и изнаоѓање на поконкретни и ефективни начини во понатамошна соработка.
За значењето на конференцијата не само за регионалната соработка и безбедност, туку и пошироко, се подвлекува, зборува и фактот што на форумот учествуваат и највисоки воени раководители од НАТО и државни раководители од земјата домаќин.
На оваа конференцијата, соопшти Канцеларија за односи со јавноста во ГШ на АРМ, претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган имал обраќање до учесниците во кое го истакнал големото значење на заедничкото настапување и соработка во актуелната безбедносна ситуација.
Обраќања до учесниците имале и заменик на председавачот на НАТО генерал потполковник Марк Шислер и началникот на Штаб од Командата на Здружените сили во Неапол генералпотполковник Леонардо ди Марко.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино
-
Коцевски: Досега нема ниту еден доказ дека било побарано продолжување на лиценцата на „Пулс“ од актуелниот министер за економија
-
Полицијата во контроли на угостителски објекти ноќеска во Битола затекнала 20 малолетници, следуваат пријави