-->
-->
Геце се сели во Лондон
-->
Иако тврдеше дека ќе остане во минхенски Баерн, 24-годишниот германски фудбалски репрезентативец Марио Геце сепак ќе го напушти баварскиот тим, пишува во неделата Bild.
Неделникот пишува дека таткото на Марио Геце веќе двапати се сретнал со претставниците на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем во текот на европското првенство во Франција, како и дека пред фудбалерот е најважната одлука во кариерата.
Последната година имаше многу нагаѓања во кој клуб би требало да замине Геце, а најмногу се споменуваа токму Тотенхем, но и Борусија Дортмунд, Ливерпул и Арсенал. Сега во игра останале само два клуба – Тотенхем и Борусија Дортмунд, тврди Bild.
Геце во 2013 година, кога беше во најдобрата форма во досегашната кариера, ја напушти Борусија Дортмунд и потпиша на најголемиот ривал Баерн Минхен. Но во Минхен неговата кариера тргна по надолна линија, па последните две години главно ги мина на клупата за резервни играчи.
Навивачите на него се сеќаваат само уште по тоа што во финалето на Светското првенство во 2014 година против Аргентина го постигна победничкиот гол, потсетува неделникот.
И покрај тоа што навивачите не му го простија заминувањето во Баерн, раководството на Борусија го посакуван неговото враќање во клубот. Сепак, се чини дека поверојатната варијанта е неговото заминување во Тотенхем, пишува Bild.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Молњи предизвикаа два шумски пожари на Тасос
-
Галичка свадба од 12 до 14 јули, Даријан и Стефана годинешните зет и невеста
-
Најмногу дожд во Дојран, утрово најсвежо на Попова Шапка
-
Конференција на Судскиот совет
-
СДСМ: Вистинските социјалдемократи никогаш нема да ги прифатат повиците на лажните патриоти од ЗНАМ
-
Познати се сите двојки за четвртфиналето на Евро 2024
-
Анкета: Еден од тројца демократи смета дека Бајден треба да се повлече од претседателската трка
-
Ураган на Карибите, има почнати и исчезнати