Македонија
10. November 2021 - 16:39

Гаши: Проблемот е надминат, Алтернатива ќе гласа за недоверба на Владата

Претседателот на Алтернатива Африм Гаши на прес-конференција информираше дека проблемот е надминат и дека пратениците на Алтернатива утре ќе гласаат за недоверба на Владата.

- Пречката која претставуваше за нас проблем е отстранета, господинот Апасиев го тргна својот потпис од иницијативата за недоверба на Владата, затоа денес можам да ви потврдам дека Алтернатива заедно со 4-те пратеници утре ќе гласа за недоверба на Владата, кажа Гаши.

Гаши дополни дека Алтернатива нема да биде дел од Влада која нема јасно да ги има во својата програма евроатланскиот курс и добрососедските политики.