„Гардијан“: Западот го игнорирал предлогот на Русија во 2012 година за повлекување на Асад
Русија предложи пред повеќе од три години можност за повлекување на сирискиот претседател Башар ал Асад како дел од мирно решение, пишува британскиот весник „Гардијан“, повикувајќи се на висок преговарач, кој учествувал во тајни средби во тоа време.
Западните сили сепак не ја искористија можноста, изјави поранешниот фински претседател и добитник на Нобелова награда Марти Ахтисари. Откако во 2012 година бил направен предлогот, во сирискиот конфликт животот го загубија десетици илјади луѓе и принуди милиони да ги напуштат своите домови, предизвикувајќи најтешка бегалска криза во светот од Втората светска војна, наведува весникот.
Ахтисари преговарал со претставници на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН во февруари 2012 година. Според него на тие средби рускиот постојан претставник во светската организација Виталиј Чуркин изнел план од три точки, вклучително предлог Асад да ја предаде властта во одреден момент по започнување на мировни преговори меѓу режимот и опозицијата. Но САД, Велика Британија и Франција биле толку убедени дека Асад е на пат да падне од власт, што го игнорирале предлогот.
- Тоа беше една можност, што беше пропуштена во 2012 година, изјави во интервјуто Ахтисари.
Според поранешниот фински претседател, најинтригантна била средбата со Виталиј Чуркин, од сите преговори кои ги водел со претставниците на постојаните земји членки на СБ на ОН.
- Тој кажа три нешта. Прво, не треба да даваме оружје на опозицијата. Второ, итен дијалог меѓу Асад и опозицијата и трето, изнаоѓање елегантен начин за смена на Асад, раскажува Ахтисари.
Ахтисари го предал предлогот на американските, британски и француски претставници во ОН. - Но, ништо не се случи бидејќи тие сметаа дека Асад ќе биде соборен од власт за неколку недели, така што нема потреба да се прави било што, нагласува во тој во интервјуто.
Ново на Сител
-
Од утре забрана за движење во шумите
-
Цените на нафтата минатата недела нагло се намалија по прекинот на огнот меѓу Израел и Иран
-
Трамп: Има група многу богати луѓе кои би го купиле ТикТок
-
Нетанјаху: Војната со Иран создаде можност за враќање на заложниците од Газа
-
9-годишно девојче со потекло од Македонија се удавило во река во Италија
-
Второ пријавување за упис во средните училишта, слободни над 16 000 места
-
Еврокомесарката Марта Кос во посета на земјава, денеска и утре лидерска средба ЕУ - Западен Балкан
-
Трамп: Иранците не знаеја дека доаѓаме