Гај Ричи не бил воодушевен до идејата Чарли Ханам да го игра Артур

Британскиот актер Чарли Ханам откри дека посакал да игра кралот Артур, веднаш откако слушнал дека режисерот Гај Ричи снима нов филм на легендарниот англиски владетел, но дека Ричи не се согласил веднаш со тоа.
Според британските медиуми, Ханам и Ричи ги решиле нивните несогласувања со „помош на марихуаната“, појаснувајќи дека станувало збор само за разговор за марихуаната, а не и за нејзино конзумирање.
Ханам раскажува дека отпатувал во Лондон на состанок со британскиот режисер, а на крајот поминале два часа разговарајќи за употребата на марихуаната во медицински цели.
- Тој сакаше да види каков сум и дали го гледаме на ист начин животот, откри Ханам.
Филмот „Кралот Артур: Легендата за мечот“ ќе почне да се прикажува во Велика Британија на 19 мај, а во САД од денеска.
Ново на Сител
-

Приведен државјанин на САД во Тиквешко, одбил да приложи лична идентификација и нападнал полицајци
-

65-годишен скопјанец починал во сообраќајка
-

Мицкоски: Очекувам инфлацијата да биде под 3 проценти, во рамки на проектираното
-

Тошковски: Одделот за заштита на личности и објекти е столб на институционалната безбедност
-

Андоновски наредната недела на средба со претставници на Здружението на инфлуенсерите
-

СДСМ: Во наше време растеа платите
-

Влажен бран со дожд и снег, од понеделник стабилизација и пораст на температурите
-

Трипуновски: Опозицијата шири дезинформации, нема кратење на средствата за субвенции
