Г7 повика на запирање на деструктивниот циклус на насилство на Блискиот Исток

– Шефовите на дипломатиите на членките на Групата седум индустриски развиени земји (Г7) и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел ги повикаа сите инволвирани страни на Блискиот Исток да се воздржат од продолжување на тековниот деструктивен циклус на одмазднички насилство, да ги намалат тензиите и конструктивно да се ангажираат кон деескалација на состојбата.
– Ние, министрите за надворешни работи на Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД и високиот претставник на ЕУ, ја изразуваме нашата длабока загриженост поради зголеменото ниво на тензии на Блискиот Исток, што се заканува да разгори поширок конфликт во регионот, се наведува во изјавата на шефовите на дипломатиите на Г7 во врска со најновиот развој на настани на Блискиот Исток.
Како што соопшти Европската служба за надворешни работи, во изјавата во која се апелира за прекин на насилството, се додава и дека ниту една земја или нација нема да имаат корист од понатамошната ескалација на состојбата на Блискиот Исток.
Тензиите на Блискиот Исток, кои се зголемија по нападот на припадници на Хамас врз Израел во октомври минатата години и одмаздничката акција на израелските сили во Појасот Газа и неколкуте поединечни напади низ земји во регионот, минатата недела дополнително ескалираа со убиството на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија во Техеран, кое им се припишува на агенти на израелската тајна служба Мосад.
Ново на Сител
-

Кос, Јаневска и Сали во увид на реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“
-

Три случаи на семејно насилство во Штип, Свети Николе и Македонска Каменица
-

Сиљановска Давкова: Кредибилен партнер сме на НАТО, да се надмине лавиринтот на патот кон ЕУ
-

Вимблдон: Ѓоковиќ казнет поради недолично однесување
-

78-годишна жена пронајдена мртва во својот дом во Кисела Вода
-

Пронајден машки труп во река Пчиња кај Катлановска Бања
-

59-годишник во продавница допирал по тело 31-годишна жена
-

Приведено едно лице поради напад на полицаец кај Градски стадион во Скопје
