„Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Кредиторите ја кочат Грција
Европскиот стабилизациски механизам (ЕСМ) донесе одлука да ја замрзне постапката за преземање краткорочни мерки за олеснување на грчкиот долг, објави германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ во текст под наслов „Кредиторите ја кочат Грција“.
Весникот наведува дека ваквото решение на ЕСМ доаѓа во време кога грчкиот премиер Алексис Ципар најави дополнителни средства за социјална помош за пензионерите.
- Најавениот божиќен подарок од грчката Влада за пензионерите е во спортивност со планот на кредиторите. Затоа ЕСМ реши да ги замрзне краткорочните мерки за олеснување на грчкиот долг, што беа усвоени пред десетина дена од страна на Еврогрупата, наведува германскиот весник.
„Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ нагласува дека ЕСМ оценил дека мерките на Ципрас за помош на возрасните лица со ниски пензии не се во согласност со договорите за реформи склучени меѓу Атина и меѓународните кредитори.
Според договорот меѓу Грција и кредиторите, предвидено е грчкиот буџетски суфицит за 2016 година да изнесува 0,5 отсто од БДП.
Ново на Сител
-
Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година
-
Македонските фудбалери вечерва ја пречекуваат Летонија
-
Борел предложи ЕУ да го прекине политичкиот дијалог со Израел
-
Гувернери на државите во САД создадоа група за да се спротивстават на политиките на Трамп
-
Состојба на патиштата
-
Облачно со повремен дожд, а на планините снег
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир