Францускиот писател што го предвиде нападот на кулите Близначки, откри што не чека после пандемијата

Францускиот писател Мишел Уелбек, еден од најинтригантните писатели на денешницата, човекот за кој се вели дека го предвидел нападот на кулите близначки во Њујорк, но и „жолтите елеци“ во Франција, не очекува некој „нов свет“ по пандемијата на коронавирусот, туку „нешто полош“ свет отколку што беше досега.
– Ни малку не верувам во изјавите од типот „веќе ништо нема да биде како претходно“. Напротив, се ќе остане потполно исто, наведува Уелбек во писмо кое било прочитано на француското радио Франс Интер.
– Нема после изолацијата да се разбудиме во некој нов свет, се ќе биде исто, малку полошо, оценува овој француски писател.
Пандемијата на коронавирусот, смета Уелбек, би требала да има за главен резултат забрзување на одредени мутации кои се во тек, а особено „намалување на контактите меѓу луѓето“.
Уелбек исто така смета дека би „било исто така погрешно да се каже како луѓето повторно ја откриле смртта“ и додава дека „смртта никогаш не била толку дискретна како последните неколку недели“.
– Жртвите се сведат на бројки во статистика, секојдневната смрт и анксиозност се шират меѓу жителите, додека вкупното зголемување има нешто необично апстрактно, наведува Уелбек.
Писателот додава дека овие недели важен податок е и старосната доба на болните.
– До кога би требале да ги реанимираме и лечиме? 70, 75, 80 години? – истакнува овој француски писател.
– Во секој случај, никогаш не сме кажале со таква спокојна бесрамност дека секој живот нема иста вредност, смета Уелбек.
Повеќе од 25.000 луѓе умреа во Франција од пандемијата на коронавирусот која изби во декември 2019 година во Кина.
Ново на Сител
-

ОЈО ГОКК побара притвор за Јованов во истрага за поткуп за лиценца - Судот ќе одлучува утре
-

Медицински факултет: Избраните кандидати беа далеку подобро рангирани од д-р Василевски - не беше доведен во понеповолна положба
-

Обвинителството бара нови мерки за Дејан Јованов, Кривичен суд ќе одлучува утре
-

Осуденичка од САД преживеала егзекуција - не ја усмртиле ниту две дози смртоносна инјекција
-

Советот на Град Скопје донесе одлука за намалување на бројот на предвидените нови вработувања во јавните претпријатија и установи
-

Од денеска до 5 октомври пријавување за субвенциониран студентски оброк
-

Цар Самоил добива саркофаг од македонски мермер со натпис „Самоил во Христа Бога, цар на Бугарите“
-

Неверојатен случај во Фиџи: 40 килограми кокаин чувани како доказ во суд исчезнале и биле заменети со брашно
