Свет
24. July 2021 - 13:37

Франција спаси 42 мигранти на брод во Ламанш

Француските власти денеска соопштија дека спасиле 42 мигранти кои се наоѓале на брод во Ламанш.  Мигрантите ги алармирале службите за итни случаи, а бродот за спасување ги земал во морето во близина на Па-де-Кале, соопшти француската полиција. „Тие се однесени во блиското пристаниште Булоњ-сир-Мер и сите се чувствуваат добро“, се додава во соопштението.