Франција носи постојан експерт во СЕП

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Бујар Османи оствари средба со францускиот амбасадор во Република Македонија, Кристијан Тимоние.
Османи, како што соопшти неговиот Кабинет, изразил задоволство од досегашната работа и помош која ја обезбеди присуството во Секретаријатот за европски прашања на францускиот експерт за европски прашања, Бертранд Милет, кому му истекува мандатот.
- Иако сме свесни дека изминативе две години Бертранд работеше во услови на длабока политичка криза во Македонија, сепак неговиот ангажман имаше важна улога во градењето на капацитетот на Секретаријатот, истакнал Османи на средбата.
Францускиот амбасадор изразил задоволство од успешната соработка на Секретаријатот со францускиот експерт и најавил дека со завршувањето на мандатот на Бертранд Милет, Франција ќе обезбеди присуство на нов експерт за европски прашања, што претставува директна политичка поддршка од страна на Франција.
Новиот експерт, како што е наведено во соопштението, ќе биде ангажиран целосно и ќе бидат направени сите подготовки на линија на препораките од извештајот на Бертранд, со цел, Македонија полесно и поефикасно да се посвети на предизвиците кои стојат на патот на приближувањето на земјата до Европската унија.
Османи и Тимоние разговарале за новата политичка клима во Република Македонија и посветеноста на новата Влада кон европскиот пат.
Двајцата соговорници изразиле задоволство од досегашната соработка и се согласиле дека добрите односите меѓу Република Македонија и Република Франција мора да продолжат и во иднина.
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Гевгелија, најмалку во Охрид
-

Песков: Божиќното обраќање на Зеленски беше нецивилизирано и полно горчина
-

Општина Аеродром: Интензивни контроли и мерења за прекумерната бучава
-

Од водите на Вардар извлечено тело на машко лице
-

Предлог-измените за пролонгирање на рокот за ДДВ за стан го поминаа собранискиот филтер
-

Државниот врв со честитка до верниците што денеска го прославуваат Божиќ
-

Снег во Пехчево и Берово, магла на Стража, Ѓавато и Крушево
-

Тејлор Свифт празнично донираше барем два милиона долари во добротворни цели
