Ракомет
14. January 2017 - 11:32

Франција 2017: Седум натпревари на 4.от ден

На Светското првенство во ракомет во Франција денеска (4.ден) се играат седум натпревари од 2.коло во сите четири групи.
Во групата Б каде што игра Македонија се играат три дуели. Македонија за противник ја има Ангола, Словенија ќе игра против Исланд, а Шпанија против Тунис.
Во групата А во Нант се играат два дуела: Бразил – Полска и Норвешка – Русија. Вчера Франција ја совлада Јапонија со 31:19.
По еден натпревар вечерва се игра во групите Ц и Д. Во Руен е дуелот Хрватска – Унгарија, додека во Париз играат: Египет и Данска.
Натпреварот Македнија – Ангола во Мец почнува во 20:45 часот.