Фотографија ја отсликува тежината низ која морала да помине една храбра идна мајка
Мејси Родифер со години се борела со неплодност, а потоа нејзиниот сон се оствари и таа е бремена. Својата мака ја илустрираше со фотографија каде се собрани лекови и препарати кои морала да ги користи.
Идната мајка со својот потег на сите им ја соопшти убавата вест и поттикна надеж кај оние кои стравуват дека нема да можат да останат бремени.
На фотографијата наредени се во круг многу шприцеви кои ги користела во текот на обидот на ин витро оплодување, а во средината ултразвучна слика на бебе и детско боди со натпис „Вредеше да се чека и чека и чека“.
- Јас знам дека мојата објава ќе ги повреди жените кои се уште чекаат бебе, затоа што и јас бев една од нив. Сепак, важно ми е не само да ја споделам својата радост, туку и да ја споделам со другите својата борба и да ги охрабрам жените никогаш да не се откажуваат, рече Мејси за Хафингтон Пост.
Таа и нејзиниот сопруг Тајлер четири години се обидувале да добијат бебе, а во текот на тој период таа доживеала три спонтани абортуси, операција на циста на јајникот и неколку ендометриози- случаи кога ткивата почнуваат да растат надвор од матката.
Ново на Сител
-
ГЕРБ победи, но е далеку до 121 пратеник за формирање влада во Бугарија
-
Советот за безбедност на ОН се очекува утре да расправа за израелските напади врз Иран
-
27 годишник од Гана силувал 32 годишна скопјанка во Кисела Вода
-
Бројот на загинати во невремето Трами на Филипините се искачи на 138
-
Во Батинци загина пешак откако бил удрен со возило
-
Израелските војници убиле висок командант на Хамас на Западниот Брег
-
Мицкоски за оставката на Комисијата за помилување: По направена грешка, ако се превземе одговорност, тогаш тоа е доблесно
-
Грција ја следи ситуацијата со балканската рута и поради опасноста меѓу мигрантите да има борци од Хамас