Форум за законите за градежно земјиште и постапките за градење

Форум за регулативата од областа на просторното планирање, градежното земјиште и постапките за градење организира денеска Стопанската комора на северозападна Македонија со поддршка на УСАИД и Епи центар.
На форумот ќе стане збор за правните основи по кои можат да се поведуваат постапки согласно Законот за градежно земјиште и за утврдувањето на цената на градежното земјиште (во кои случаи има повластена цена и дали е тоа оправдано), а ќе се анализираат и проблемите со запишаните кориснички права на физички и правни лица и на субјекти кои не постојат, како и начините на бришење на корисничките права според Законот за приватизација и закупот на градежно земјиште во државна сопственост.
Предвидени се обраќања на министерот за транспорт и врски Горан Сугрески, претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија Неби Хоџа и директорот во Секторот за генерален развој во УСАИД Македонија, Едвард Гонзалез.
Ново на Сител
-

Ристовски: Прославата на спортските успеси треба да биде убав гест, а не навреда
-

Уапсен 16-годишник кој крадел во џамии во Тетово
-

Американец заразен со ебола евакуиран на лекување во Европа
-

Силекс и Шкендија ќе играат за трофејот во Купот на Македонија
-

Најмалку десет загинати во израелски напад врз јужниот дел на Либан
-

Паднаа цените на нафтата
-

Седница на Уставниот суд со седум иницијативи на дневен ред
-

Во ЕУ постигнат прелиминарен договор по однос трговските односи со САД
