Формирано Здружение за кардиоторакална хирургија на Македонија
Кардиоторакални хирурзи од јавното и од приватното здравство формираа Здружение за кардиоторакална хирургија на Македонија.
Во иницијативниот одбор на Здружението се проф. д-р Горан Кондов, проф. д-р Омер Џемаили, спец. д-р Оливер Бушлетиќ, проф. д-р Зоран Спировски, проф. д-р Александар Николиќ, проф. д-р Андреја Арсовски, спец. д-р Владимир Емануловиќ Белостоцки, спец. д-р Елвис Мустафа, спец. д-р Петар Ристевски и спец.д-р Владимир Чадиковски.
За прв претседател на здружението е избран спец. д-р Владимир Чадиковски.
Целта на здружението, како што велат неговите основачи, е да овозможи подобар пристап и информираност на своите членови за сите новини во светот од областа на срцевите и торакални интервенции, промоција на истражувањата кои се од јавен интерес со цел да се афирмираат позитивните резултати кои ги дава оваа хируршка дејност. Здружението ќе обезбеди можности за континуирана медицнска едукаци на своите членови за да се унапредат и усовршат кардиохируршките интервенции во нашата држава. Се очекува во октомври годинава, новоформираното здружение на македонските кардиоторакали хирурзи да стане дел од Европското здружение за кардиоторкална хирургија.
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино