Македонија
29. July 2024 - 16:34

Формалдехид причина за смрдеата во хирушките сали на Клинички?

Дали присуството на формалдехид е причината за смрдеата во хируршките сали која пред два месеци ги избрка здравствените лица од оперативниот блок? Присуство на ова хемиско соединение кое има непријатен мирис е пронајдено во испитувањата на дел од клиниките пред дваестина дена. Формалдехид има примена како стерилизатор и конзерванс а центри за контрола и превенција на болести го сметаат како системски отров

За резултатите од анализите слушнал и министерот за здравство, но се правда дека се уште не добил ништо официјално. Таравари не ги видел и податоците од  мерењата дека компримираниот воздух е далеку од пропишаните европски стандарди.

 Има одредени информации дека е пронајдена одредена мала концентрација на формалдехид, но официјално уште немам добиено ништо. Ние веќе работиме на нова набавка на комплетно нова компресорска станица и комплетно нова инсталација. Се надевам што побрзо да се реши овој проблем и да не зборуваме повеќе за вакви теми кои што навистина се непријатни и неубави, бидејќи создаваме ситуација на несигурност кај сите граѓани.

За пациентите да бидат мирни и спокојни, министерот за здравство вели дека поголем дел од салите на Клинички работат а летото ќе го менаџираат со ГОБ 8-ми септември и клиниката Свети Наум Охридски.

Кога хируршките клиники ќе почнат да рабоа во нормални услови никој не знае бидејќи по пропаднатиот тендер , сега набавката на нова компресоркса станица и промена на инсталацијата е во ингеренции на Министерството за здравство. Пред да распишат нов тендер ги бараат спецификациите од Заеднички служби. Имајќи го во предвид рокот за процедурите и можноста да пропадне и вториот тендер, целиот процес може да трае до пролетта наредната година.

Во меѓувреме, на хирургија на клинички оперираат со надворешни компресори кои се привремено решение а поради намалениот обем на работа листите за чекање се зголемуваат.