Фон дер Лајен: Хрватска ќе добие поддршка по земјотресот, наш претставник ќе биде испратен во најбрз можен рок

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во вторникот изјави дека ЕУ е со Хрватска, по новиот разорен земјотрес и побара од комесарот за кризи Јанез Ленарчиќ што побрзо да отпатува во Хрватска.
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени околу пладне го погоди централниот дел на Хрватска, предизвикувајќи големи штети во Петриња, Сисак, Загреб и други места. Потресот бил толку силен што се почувствувал и во соседните земји.
„Уште еден разорен земјотрес во Хрватска, втор во изминатите два дена. Повторно разговарав со премиерот Андреј Пленковиќ. Подготвени сме да помогнеме. Го замолив Јанез Ленарчиќ да отпатува во Хрватска веднаш штом ситуацијата дозволи. Ние стоиме покрај Хрватска“, напиша Фон дер Лајен на „Твитер“.
Денешниот земјотрес се случи 24 часа по малку послабиот земјотрес со епицентар кај Петриња, на околу 50 километри од Загреб.
Ново на Сител
-

Физички напад со ладно оружје и гасен пиштол: Татко и двајца синови осомничени за насилство во Бутел
-

Иран најави комеморација за ајатолахот Хамнеи 40 дена по неговото убиство
-

Уапсен 16-годишен кумановец откако нападнал лице кое му извадило пиштол и нож
-

Уапсени пет лица, од кои еден малолетник во акциска контрола на Мобилната единица на МВР
-

Раст од 16,7 проценти на цената на становите во првиот квартал годинава
-

Мицкоски: Македонија е прва земја од Европа која има ваков вид стратешки дијалог со САД
-

Зголемена фреквенцијата на Ќафасан, Албанците од соседството по гориво и храна во државава
-

АХВ спречи ризик од внесување на заразни болести во земјава
