-->
-->
ФИТР: Грантови за 34 основни и средни училишта
-->
Потпишани 34 договори за млади истражувачи од основни и средни училишта за финансирање преку Фондот за иновации. Ова е втор јавен повик „Предизвик за млади истражувачи“, наменет за иновативни проекти на младите истражувачи.
Премиерот Зоран Заев најави дека ваквите јавни повици како поттик за младите истражувачи ќе продолжат и наредната година.
Директорот на Фондот за иновации Јован Деспотоски вели дека 54 училишта до сега користат пари од Фондот за реализација на иновативни проекти, во вкупна вредност околу 17 милиони денари.
Проектите се од сите области кои се однесуваат на иновативни идеи за земјоделство, екологија, заштита на животна средина итн. Ова според него, е отскочна даска за идните иновативни претприемачи.
Мирјана Јовеска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло