Македонија
8. March 2016 - 16:50

Фирмите на кланот Заеви се вмешани во сомневањата за изборен фалсификат кој го истражува Јавното Обвинителство

Функционери на највисокото раководство на СДСМ, општина Струмица и неколку фирми кои соработувале со општината се на мета на истрагата за изборни нерегуларности која Обвинителството за организиран криминал ја спроведува во општината што ја раководи Заев.

Весникот пишува дека истражителите собираат докази за две кривични дела и тоа злосторничко здружување и изборен поткуп, а се однесуваат за претседателските и парламентарните избори кои се одржаа во 2014 година.

Дневник пишува дека истрагата се сомнева дека било формирано злосторничко здружение во кое се вклучени повеќе физички лица и фирми кои биле користени за незаконски да се влијае врз гласачите.

- Се работи за поголем број гласови што на незаконски начин биле обезбедувани од различни категории на граѓани на претседателските и парламентарните избори во 2014 година. Врз нив се влијаело на различни начини. Kај дел од нив се одело со класични закани за бркање од работа од фирми активни на подрачјето на Струмица, а некои од нив директно се поврзани и со фирмите на Заеви. Има дури и нудење класичен поткуп – открива извор од истрагата за Дневник

Истиот извор вели дека се проверуваат повеќе тендери во општината што ја раководи Заев а има сомненија дека општина Струмица во повеќе наврати на одредени фирми им плаќала по добиениот тендер иако тие, воопшто не ја испорачале услугата.

Дневник пишува дека еден од одземените компјутери вил на Љупка Цветкова од струмичкиот огранок на СДСМ која е вработена во кабинетот на Зоран Заев и важи за блиска до кланот Заеви.

За СДСМ акцијата на обвинителството е политички мотивирана

Од обвинителството се уште нема официјална потврда на овие информации. Од таму само потврдуваат дека се прибираат докази за евентуален изборен криминал без да се прецизираат детали.