-->
-->
Фиорентина и Вест Хем во финалето на конференциската лига
-->
Екипите на Вест Хем и Фиорентина ќе играат во финалето на Конференциската лига откако во полуфиналните дуели беа подобри од АЗ Алкмар и Базел.
На мечот во Алкмар англискиот тим славеше со 1-0. Вест Хем славеше и на првиот меч во Лондон (2:1) и со вкупен резултат 3:1 избори пласман во финалето.
Стрелец на решавачкиот гол беше Пабло Форланс во четвртата минута од судиското надополнување.
Во Базел драматичен меч во кој Фиорентина по одигрувањето на продолженијата славеше со 2-1 откако во регуларниот дел домашните со голот на Гонзалез во 72. минута ја анулираа предноста на Фиорентина од првиот дел. Сепак во дополнителните минути чехот Антонин Барак постигна гол за славје на италијанскиот тим кој по пауза од цели 30 години повторно ќе игра европско финале кое е закажано за 7. јуни во Прага.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведен 47-годишник од делчевско управувал возило под дејство на алкохол и излетал од патот
-

Пазарниот инспекторат откри поголема количина шверцувани производи од тутун
-

Девојка од Србија пријавила возач на такси во Скопје за допирање по телото и бакнување
-

Вработени и пациенти на Онкологија сведочеа за случајот со незаконска набавка на лекови
-

Данска противник на македонската репрезентација во полуфиналето на плејофот за СП 2026
-

Австрија воведува забрана за шамии во училиштата за девојчиња под 14 години
-

Пожарникарите од Старо Нагоричане спасија куче паднато во шахта
-

Во железничка несреќа во Чешка повредени 57 луѓе
