Спорт плус
31. July 2016 - 9:24

Финале на летната серија трки „Beach Run 2016“ во Охрид

 Финалната петта трка од летната серија трки на плажа низ Македонија „Beach Run 2016“, ќе се одржи денеска во Охрид. Стартот е закажан во 11 часот на плажата и терените за одбојка на песок познати како Бафало бич. 
 
На последната трка во Охрид, сите оние кои го минуваат својот одмор, викенд или празник во најпознатата македонска туристичка дестинација, а кои го сакаат трчањето, спортот и активниот одмор, имаат можност да се пријават и да бидат дел од последните 5 километри на „Beach Run 2016“. 
 
Пријавувањето е преку веб страницата www.prvdovrv.mk или на местото на стартот еден час пред почетокот на трката.
 
По истрчани четири трки во Скопје, Претор, Дојран и Маврово претенденти за искачување на финалниот подиум и освојување на пехарите се Марија Стојановска, Весна Кираџиева, Милена Чкрипеска и Марго Бојаџиева кај девојките, и Дарио Ивановски, Игор Јакимовски, Атанас Анчевски и Пепи Анакијев кај машките. Најдобрите во целата серија ќе поделат паричен награден фонд од илјада евра и ќе добијат врвна спортска опрема за трчање.