Финале на ЕУРО2020, Англија – Италија вечерва на „Вембли“
Стадионот „Вембли“ во Лондон вечерва од 21 часот ќе биде домаќин на финалето на 16. Европско фудбалско првенство во кое домаќинот Англија ја пречекува репрезентацијата на Италија.
Англичаните немаат европски трофеј во својата историја, а вечерва ќе го играат своето прво големо финале од 1966 година кога на истиот стадион ја освоија титулата светски првак.
Репрезентацијата предводена од Герет Саутгејт ќе се обиде да го повтори успехот на Италија од 1968 година, кога Азурите ја освоија својата прва и засега единствена европска титула, совладувајќи ја во финалето на домашен терен во Рим поранешна СФР Југославија.
Оттогаш, Италијанците уште два пати стигнаа до финалните натпревари на Европските првенства на кои беа поразени во 2000 и 2012 година.
Финалето од трибините на култниот „Вембли“ ќе го следат 60.000 навивачи, кои во огромно мнозинство ќе бидат Англичани.
Очекувани состави:
Италија – Донарума, Ди Лоренцо, Бонучи, Кјелини, Емерсон Барела, Жоржињо, Верати, Киеза, Имобиле, Инсиње.
Англија – Пикфорд, Вокер, Стоунс, Мегваер, Шо, Филипс, Сака, Маунт, Стерлинг, Кејн.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
