Македонија
4. September 2017 - 12:51

Филмот „Ќе дојдат децата“ на Ана Јакимска освои главна награда на фестивал во Шпанија

Краткиот игран филм „Ќе дојдат децата“ на режисерката Ана Јакимска ја освои главната награда за најдобар краток филм на Меѓународниот филмски фестивал Мекиненса во Шпанија (Mequinensa International Film Festival).

Меѓународното жири на фестивалот го истакна естетскиот квалитет на филмот и успешно изградената атмосфера, што произлегува од самата приказна за младата учителка Велика која се наоѓа во безизлезна ситуација. На фестивалот беа прикажани вкупно 25 филмови од 17 различни земји.

Режисерката Јакимоска не можеше лично да ја прими наградата, но на публиката ѝ се обрати со видео порака.

Филмот претходно беше номиниран за најдобар краток филм на престижниот филмски фестивал во Шангај, а беше прикажан и во официјална селекција на филмски фестивали во Јужна Африка, Мароко, Италија, Црна Гора, Албанија и Косово.