Филипс: Доколку Вучиќ навистина се грижи за Србија ќе ги нормализира односите со Косово
„Доколлку српскиот претседател, Александар Вучиќ, навистина се грижи за ситуацијата во земјата, но и за сопственото наследство, тој ќе ги нормализира односите со Косово, со што ќе ја олесни интеграцијата на Србија во европските структури, оцени Дејвид Филипс, поранешен висок советник во американскиот Стејт департмент.
Филипс во интервју за денешното издание на неделникот „Време“, потсети на обврските од поглавјето 35 за преговорите со Европската унија, потенцирајќи дека тоа е „јасно“ и дека „Србија нема да влезе во ЕУ се додека не ги нормализира односите со Косово“.
На прашањето дали САД и ЕУ ќе успеат да ја убедат Србија да го признае Косово, Филипс рече дека „конструктивното однесување може да биде наградено со разни стимулации“.
Тој оцени дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден „ќе ја избрише наклонетоста на Трамп кон Србија и ќе воспостави далеку порамноправни услови за игра“.
-Ова укажува на важноста на американското раководство во зајакнувањето на трансатлантската соработка насочена кон стабилизирање на Балканот и со цел да се воспостави мир и да се овозможи напредок, кажа Филипс.
Како што пишуваат белградските медиуми, Брисел и Вашингтон, во координација, подготвуваат најверојатно во форма на необврзувачки документ, нон-пејпер, со повеќе барања што ќе ги достават до државниот врв на Србија. Тој документ ќе содржи конкретни очекувања од Белград во процесот на решавање на прашањето за Косово.
Според Вечерње новости, во тој неформален документ, што се споменува во дипломатските кругови, Србија ќе биде информирана дека мора да се обврзе на признавање на Косово, што ќе биде еден вид втор дел од „честитката“ која на Денот на државноста на Србија ја испрати претседателот на САД, Џозеф Бајден.
Навестување за оваа заедничка акција ќе биде посетата на Србија за многу краток период на медијаторот во дијалогот со Приштина, Мирослав Лајчак, и на заменик помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Метју Палмер, пишуваат Вечерње новости.
Ново на Сител
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
-

РСБСП: Продолжениот викенд да помине со безбедно патување, да не се ризикуваат сопствениот и животот на другите
-

Николоски: Нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување на пристаништето Бар преку изгрaдба на автопатот Скопје-Блаце
-

Спречен обид за илегален влез на 40 мигранти близу ГП Богородица, полицијата пукала во воздух
-

Детален извештај за прославата на 35 години независност: За 18 реализирани настани потрошени се 340,5 милиони денари
-

Две момчиња од Скопје тврдат дека биле претепани од полицајци, МВР отвори истрага
-

Пред крајот на месецот дигитална лична карта
