Филипини заплени севернокорејски брод

Филипинските власти денеска соопштија дека заплениле севернокорејски брод по заострување на санкциите против официјален Пјонгјанг, преземени поради нуклеарните проби и истрелување на балистички ракети.
- Севернокорејскиот товарен брод, тежок 6.830 тони, нема да може да го напушти пристаништето Субик, североисточно од филипинскиот главен град манила, каде е закотвен последниве три дена, а неговиот екипаж ќе биде депортиран, изјави портпаролот на филипинскиот претседател Маноло Кесон.
Тоа е прв познат случај за примена на новите заострени санкции против Северна Кореја, кои во средата ги усвои Советот за безбедност на ОН.
- Светот е загрижен поради нуклеарната програма на Северна Кореја, а Филипините како членка на ОН мора да го исполнат својот дел во спроведувањето на санкциите, истакна Кесон.
Се очекува бродот „Џин Тенг“ во пристаништето Субик, кое се наоѓа во близина на американската поморска база, наскоро ќе биде прегледан од тим на ОН.
Ново на Сител
-

Француските средношколци по средбата со Макрон повикаа на продолжување на протестите сè додека не се објават конкретни мерки
-

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти
-

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта
-

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
