Филипче: Засега нема потреба од нови рестриктивни мерки

Во моментов ситуацијата поврзана со пандемијата предизвикана од коронавирусот е стабилна и нема потреба да дополнителни рестриктивни и мерки за заштита од оние кои веќе се на сила. Политиката на затворање се спроведуваше во периодот кога не беа достапни вакцините. Сега кога го има и кога се достапни акцент треба да се стави на процесот на вакцинација, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче. Во тој контекст тој најави дека од понеделник почнува теренска вакцинација и вакцинирање на граѓаните без закажување.
Тој информира дека според информациите со кои располага во лабараториите во земјава не е секвенциониран нов случај на делта сој на коронавирус освен постојните. Но, рече, од МАНУ го информирале дека има четири случаи кои треба да бидат секвенционирани, а се суспектни на јужноафричкиот сој.
-Политиката на рестрикции и затворања беше практика во времето кога немавме вакцини, а сега треба да се фокусираме на вакцинирањето за да не живееме во рестрикции, рече министерот за здравство Венко Филипиилпче, одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на Центарот за прва психолошка помош и психосоцијална поддршка на Црвениот крст на Република Северна Македонија.
Тој додаде дека подготовките за теренска вакцинација се при крај и оти наскоро се очекува и објавување на распоредите за нејзино спроведување.
-Сега нема потреба од нови мерки, затоа што ситуацијата е прилично мирна. Вакцинацијата треба да биде фокусот, а не да живееме во рестрикции. Гледаме дека и Англија, иако има нови случаи, се попуштаат мерките. Да не живееме затворени, туку да се вакцинираме масовно, рече Филипче.
Ново на Сител
-

Во Дебарско лани се родиле 148 бебиња, од нив 132 во Општина Дебар и 16 во општина Центар Жупа
-

Од компликација од грип почина 62-годишен маж
-

Приведен 51-годишник од Пепелиште, при претрес пронајдени се 25 туби со по 20 литри нафта за кои не поседувал документација
-

Град Скопје блокираше 18 илјади сметки за неплатен данок на имот
-

Кривична за 46-годишник од Гостивар, преку коментари на социјалните мрежи ширел омраза
-

Заврши судењето на Стојанче Зарков за убиство на неговата мајка, пресудата закажана за 9 февруари
-

Уапсен охриѓанец за лажни сообраќајни, измамил граѓани за 60.000 евра
-

ВМРО-ДМНЕ: Дали СДСМ работи против „Безбеден Град“
