Филипче повторно повикува на лидерската средба и консензус за интеграциите, власта експресно одби
Филипче и денеска ги повика политичките лидери да разговараат за евроинтеграците кога од Брисел стигнуваат пораки на поддршка за кои потребен е национален консензус..
Владејачката партија која веќе го одби повикот за лидерско соочување сметаат дека нема потреба од таква средба. Обвинија дека Филипче само бара начин како да го зголеми својот рејтинг.
- Венко Филипче преку прилики за лидерски средби да не си го крева рејтингот. Лидерска средба имаше пред еден месец и во овие моменти не гледаме потреба за тоа. Ако Венко сака средби тие може да ги оствари со неговите коалициони партнери Ахмети, Таравари или Димче Апасиев. Тоа се исти луѓе со исти вредности. Венко Филипче ем нема контрола во партијата и само му слугува на другарот Зоран Заев, ем сака да се факторизира со седнување на маса, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
За власта реформите остануваат во фокусот на делување. Реформска агенда повеќе не е документ на хартија, туку дневна обврска на институциите, порача вицепремиерот Муртезани образложувајќи ги роковите за донесување на клучните закони за усогласување со европското законодавство.
Албанската опозиција пак бара итно спроведување на уставните измени, за да се откочи процесот на интеграции.
Владата минатата недела усвоила два акта со насоки како треба да се спроведува Планот за раст. Со нив одговорност ќе има и за ресорните министри и за назначените службеници доколку не се спроведуваат активностите за имплементација на планот.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар