Македонија
3. September 2021 - 21:38

Филипче: Пациентот на кој минатата среда му беше трансплантирано срце пуштен на домашно лекување

Пациентот на кој минатата среда му беше трансплантирано срце од денеска е пуштен на домашно лекување. Само седум дена по операцијата тој се чувствува одлично, објави вечерва на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Тој уште еднаш изразува голема благодарност до семејството кое прифати да се донираат органите од нивниот близок.

-Ова е петто трансплантирано срце за година и половина и четврто од почетокот на годината. За истиот период се трансплантирани 15 бубрези, а направена е и првата експлантација и трансплантација на коскени ткива, напиша Филипче.