Филипче: Не постојат законски пречки за увоз на вакцини против Ковид-19

Интервентниот увоз на лекови не е никаква новина и години наназад постапката се користела за увоз на вакцини и други препарати појасни денеска министерот за здравство д-р Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања во врска со увозот на вакцините против Ковид 19. Што се однесува до изментите на Законот за лекови, во него ќе се интервенира од причина што глобална политика на производителот на вакцини Фајзер со кој имаме договор, бара да аплицира како меѓународно претставништво, а не преку фирма регистрирана во нашата држава.
-Измената во Законот за лекови доаѓа после специфичното барање на компанијата Фајзер, која ја донесоа на глобално ниво, а тоа е за конкретниот продукт - вакцината против КОВИД-19, да немаат обврска да прават никакви договори со локални компании, туку самите да аплицираат, во секоја од државите како претставништво од надвор, од странство за да направат регистрација на продуктот - појасни Филипче.
Не постојат законски пречки вакцините да стигнат во земјава. Што се однесува до договорот кој нашата земја го направи со Република Србија, од каде треба да добиеме 8000 вакцини, се чека Србија да добие дозвола од Фајзер за извозот на вакцините. И вакцините од Србија ќе бидат со интервентен увоз.
-Не може да има регистрација во ниту една од земјите, затоа што продуктите се нови. Тоа не може да се очекува, ниту пак има потреба бидејќи, документите што се даваат за интервентен увоз се сосем доволни. Со тоа се обезбедуваме дека целата постапка на правење на вакцината, контролите во матичните земји каде се направени, контролите од меѓународните лаборатории, сертификатите за квалитет, со сето тоа се осигуруваме за квалитетот – изјави министерот.
Фајзер е вакцина која е регистрирана во двете најголеми регулаторни тела: американската ФДА и европската ЕМА.
Ново на Сител
-

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило
-

„Мерцедес“ ги крати трошоците поради неконкурентност, „Фолксваген“ пред затворање фабрики и укинување 100.000 работни места
-

Два активни пожари на отворен простор во Василево и Прилеп, пет изгаснати
-

Трамп: Иранските напади со дронови врз бродови во Ормуз е кршење на прекинот на огнот
-

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит
-

Еден час пауза во Собранието - заврши општиот претрес на измените на Законот за основно образование
-

Градоначалничката на Кисела Вода го пречека победникот на „Ѕвездите на Гранд 2026“ Бојан Илиевски
-

Љутков: Што и да се случи, секогаш стојам зад културата
