Македонија
28. јуни 2021 - 16:25

Филипче: Кон крајот на август би можеле да прогласиме крај на пандемијата

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната дебата „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“ изјави дека за да се прогласи крај на пандемијата треба два циклуси од 14 денови, да нема дијагностицирани случаи и има некои предвидувања кога тоа би можело да се случи кај нас.

Според него, ако продолжат овие трендови тоа би требало да се случи некаде кон крајот на август или почетокот на септември.

Тој додаде дека имало голем притисок од младенците и нивните семејства да организираат свадбени прослави и во затворен простор со почитување на протоколите.