ФИФА дополнително ќе излезе со детали за прекинатиот натпревар меѓу Бразил и Аргентина
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) доцна синоќа со штуро соопштение се произнесе по повод прекинатиот натпревар од јужноамериканските квалификации за Мундијалот 2022 меѓу репрезентациите на Бразил и Аргентина.
– ФИФА може да потврди дека по одлуката на официјалните лица на натпреварот, дуелот од квалификациите за пласман на Светското првенство (СП) 2022 меѓу Бразил и Аргентина е прекинат. Повеќе детали ќе бидат соопштени дополнително, кратко објави Светската куќа на фудбалот.
Дербито на јужноамериканските квалификации за СП 2022 што требаше да се одигра во неделата вечер беше прекинато по само три минути игра на стадионот во Сао Паоло поради кршење на Ковид-19 протоколите за карантин.
Бразилски здравствени претставници влегоа на теренот и побараа од тројца аргентински репрезентативци, Кристијано Ромеро, Џовани Ло Селсо и голманот Емилијано Мартинез да го напуштат стадионот и државата поради кршење на правилата за задолжителен карантин.
Бразилската страна соопшти дека тројцата фудбалери, кои настапуваат за англиски прволигаши, дале лажни податоци при влез во земјата и оти мораат да го напуштат Бразил.
Во обид да биде спречено ширење на заразата со делта сојот на коронавирусот, кој широко е распространет во Велика Британија, во Бразил на сила е одредба за задолжителен двонеделен карантин за сите патници од оваа европска држава.
Поради забрана од своите екипи од Премиер лигата, деветмина бразилски репрезентативци не допатуваа во земјата за натпреварот против Аргентина.
Ново на Сител
-
Перински: Системски пристап при насочувањето на буџетските средства кон регионите и општините
-
Најмалку 48 загинаа додека чекаа ред за помош во Газа, стравувањата од масовно гладување растат
-
ДЗР: Отсуство на интегриран систем и слабости во контролите во Фондот за здравствено осигурување
-
Приведени две лица на Табановце – едното за шверц на дрога, другото за фалсификувана возачка дозвола
-
Борбен авион Ф-35 се урна во САД
-
Пораст на процентот на туристи од Франција, Германија и Велика Британија, најбројни и натаму туристите од Турција
-
Кажала: „Да“, после 43 запросувања во седум години
-
Николоски: Пет нови авиолинии од скопскиот аеродром до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага