Фицо го обвини словачкиот претседател за дестабилизација на земјата

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска го обвини претседателот на Словачка, Андреј Киска дека го користи убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата вереница, за да ја дестабилизира земјата.
Фицо нагласи дека „нема никаков сомнеж“ оти Киска „ја преминал границата“ со неговиот повик за смени во Владата или за распишување предвремени избори.
Словачкиот премиер имплицираше и дека е можно во обидите за дестабилизација на Словачка да е вклучен и Џорџ Сорос.
Обвинувањата на Фицо претставуваат реакција на вчерашната изјава на Киска дека Словачка се наоѓа во „сериозна политичка криза“, па затоа најави дека ќе иницира разговори со сите парламентарни партии за формирање нова влада или за распишување предвремени избори со цел „да се обнови довербата на јавноста“ по минатонеделното убиство на Куцијак.
Киска нагласи дека негова прва опција би било „опсежна и суштинска реконструкција на Владата за да се спречи поларизација на општеството“, а втора одржување на предвремени парламентарни избори заедно со регионалните, кои се предвидени за на есен.
Фицо ги отфрли ваквите предлози на Киска, нагласувајќи дека за сите промени во неговата влада треба да решаваат трите партии членки на владината коалиција и дека претседателот „не се прашува ништо“ во врска со евентуална владина реконструкција.
Телата на убиениот новинар Куцијак и неговата вереница Мартина Куснирова беа пронајдени на 25 февруари во нивната куќа. Извршителите на убиството се уште не се пронајдени, но информациите дека тој работел на сторија за врски на италијанската мафија со лица блиски до премиерот Фицо, поттикнаа шпекулации за поврзаноста на убијците со властите.
Ново на Сител
-

Мелони: Италија покажува силен интерес за заедничко производство на дронови со Украина
-

Трамп: Војната со Иран би можела брзо да заврши
-

Во голема акција на Европол и црногорската полиција уапсени 12 членови на балкански картел
-

Бројот на убиени по пукањето во училиште во Турција се искачи на девет лица, од кои осум се деца | ВИДЕО
-

Турција: Осмоодделенец, син на полицаец, со оружје од татко му во училиште уби четири лица, рани 20 па се самоуби
-

Лавров: Иран има неотуѓиво право да збогатува ураниум
-

Татко се самозадоволувал пред синот и го наведувал да гледа порнографска содржина и да самозадоволува
-

Приведени шест возачи за безобѕирно управување возило, четири возеле без дозвола, а двајца под дејство на алкохол
