-->
-->
Фенербахче подобар од Химки
-->
–Фенербахче оствари победа против Химки во премиерниот меч од последното 10.коло во кошаркарската Евролига.
На мечот одигран во Москва, без разултатско значење, бидејќи двата тима веќе имаа обезбедено пласман во „ТОП 16’’ фазата, Фенербахче славеше минимална победа со 70:68.
Во редовите на турската екипа најефикасен беше Јан весели со 19 поени, додека Перо Антиќ одигра нешто повеќе од 15-минути, период во кој оствари 5 поени и 2 скока.
Вечерва се играат уште три средби. Најинтересната е во рамките од Д групата, во која во директен дуел Дарушафака и Макаби Тел Авив ќе решаваат која ќе биде последната екипа од Д конкуренцијата која ќе се пласира во „ТОП 16’’.
На останатите натпревари, вечерва играат, Лаборал – Цедевита, Жалгирис – Панатинаикос и Бамберг – Динамо Сасари.
Утре ќе бидат познати послените два тима кои ќе продолжат во Евролигата, и тоа по директните пресметми меѓу, Црвена звезда и Баерн Минхен, односно актуелниот шампион Реал Мадрид и францускиот Стразбур.
Пласман во „ТОП 16’’ имаат обезбедено екипите на: Фенербахче, Химки, (А група), Олимпијакос, Анадолу Ефес, Лаборал, Цедевита (Б група), Барселона, Локомотив Кубан, Панатинаикос, Жалгирис (Ц група) и ЦСКА Москва, Уникаха и Бамберг (Д група).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почина познатиот режисер Дејвид Линч на 78-годишна возраст
-
Нападнат затвореник во Идризово
-
Николоски: За десетина дена пуштивме во сообраќај 42 километри нови експресни патишта
-
Додека се снимал за ТикТок врз цистерна доживеал струен удар 17-годишник во Кисела Вода
-
Во Скопје две лица се повредиле на работа и се пренесени на клиничкиот центар
-
Најмалку две лица убиени во училиште во Словачка
-
Политико: Десничарските популисти на списокот гости за инаугурацијата на Трамп
-
Началникот на Генералштабот на Армијата Лафчиски на Конференција на Воениот комитет на НАТО