Џет-Сет
26. September 2016 - 9:38

ФБИ се откажува од истрага против Бред Пит

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) најверојатно ќе се откаже од истрага против Бред Пит, поради наводно малтретирање на неговите деца, објави магазинот „Пипл“.

Извор од ФБИ за магазинот изјавил дека од досегашните докази и видеото, кое се споменуваше како повод за евентуална истрага, Бирото утврдило дека нема никаква основа што би оправдала постапка против Пит.

Станува збор за видео за наводна жестока расправија помеѓу Пит и неговиот 15-годишен посвоен син Медокс за време на лет во нивниот приватен авион. 

- Не му нанел апсолутно никакви физички повреди. Тоа е расправија меѓу родител и дете, во која дошло до пожесток судир отколку што требало, тврди изворот на „Пипл“

Според таблоидите на видеото се гледала тепачка меѓу Бред и Медокс, но изворот од ФБИ вели дека имало само „мал контакт со рамената“