Фазлиу: Сите граѓани треба да имаат пристап до воедначени јавни услуги
Целта на Министерството за локална самоуправа е да се создадат услови за сите граѓани да имаат пристап до воедначени јавни услуги. Се уште се огромни развојните разлики меѓу Скопје и внатрешноста, меѓу поголемите урбани центри и руралните подрачја, што директно се одразува, не само на квалитетот, туку и на обезбедувањето на основните јавни улоги, истакна министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, на денешниот Форим „Јавните капитални инвестиции и регионалниот развој и улогата на меѓуопштинската соработка“.
Тој наведе дека во Програмата на Владата на Република Македонија, реномираниот регионален развој е приоритет од аспект на системска, праведна и транспарентна распределба на средствата, најавувајќи дека во претстојниот период ќе биде изготвена нова Стратегија за регионален развој за периодот 2020-2029 година.
- Сите деца треба да учат во пристојни училишта, сите граѓани да имаат пристап до канализациона мрежа и здрава вода за пиење, патна инфраструктура до секое и во секое населено место. Исто толку посветено треба да се работи на реализирање на големи проекти кои ќе овозможат развој на едно повисоко ниво, согласно европските стандарди и предизвици, посочи Фазлиу.
Луиза Винтон, постојаната претставничка на УНДП, со чија поддршка се одржува денешниот Форум, посочи дека заедничка идеја е да се направи поголема координација со цел да има поголеми капитални инвестиции во самите општини.
Целата на нашата програма е да ги дискутираме и надминеме регионалните диспаритети и да воспоставиме еден рамнотежен развој на ниво на општините. Одржливиот развој значи надминување на овие диспаритети, истовремено значи и еднакви можности за сите. Она што го забележуваме овде, од страна на Владата е голема заложба за надминување на овие диспаритети и воспоставување на урамнотежен развој, меѓутоа тоа е предизвик, истакна Винтон.
Ново на Сител
-
Пад на индустриското производство од 7,9% во септември
-
Тема на денот со Благој Бочварски, СДСМ
-
Први пратенички прашања за Мицкоски, Филипче му побара оставка
-
Реакции по извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
-
Екс министерката Костадиновска заработи кривична пријава за Универзална
-
Се уште нема никаква одговорност за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце
-
АХВ: Потврден случај на птичји грип кај угината гуска во Злокуќани
-
Побарано да се забрани внес на нови животни во скопската зоолошка