Македонија
4. January 2023 - 18:46

Фатен криминалец осуден на казна затвор од 20 години

 Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска во 16:20 часот на ул.„Лисец“ во Скопје го лишија од слобода С.М.(27) од Скопје.

Од МВР појаснуваат дека тој бил осуден на казна затвор од 20 години за сторени кривични дела по член 186 и член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на  наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово, за доиздржување на шест години и два месеци од казната.

- Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната, велат од МВР.