Живот
26. December 2018 - 17:20

Фатален секс: Пар се натпреварувал кој има подобра кондиција во кревет, а мажот починал

Маж, кој засега е познат само како Дави, починал за време на сексуален однос со девојката. Имено, парот се обложил „кој ќе може да издржи повеќе рунди“, а на мажот тоа му била седма „рунда“.
 
Како што пренесува „Гардијан“, маж на средни години, со потекло од Нигерискиот град Лагод, починал поради натпревар во кревет. Тој и неговата девојка се обложиле во 140 долари, за тоа кој има подобра сексуална кондиција.
 
Неговата девојка, именувана како Ловет, избрала хотел и играта започнала. Кога завршила неговата шеста рунда, мажот само паднал врз жената, пренесува „Гардијан“.
 
Таа ги алармирала вработените во хотелот, а потоа повикала и полиција, каде раскажала што точно се случило. Телото на мажот е на обдукција, која ќе покаже дали наводите на жената се точни.