Фармацевтската комора гo осуди нападот врз докторот од дигестивна хирургија

Фармацевтската комора на Македонија најостро го осуди нападот врз докторот од Клиниката за дигестивна хирургија, кој пред неколку дена од огнено оружје беше повреден на своето работно место.
Претседателот на Фармацевтската комора, Бистра Ангеловска соопштувајќи го денеска на прес-конференција ставот на органите и телата на комората, рече дека целосно се ставаат во ситуација на нападнатиот лекар и на сите здравствени работници кои беа сведоци на тој немил настан додека најсовесно си ја вршеле својата работа.
Нагласи дека најостро се спротивставуваат не само на последните случувања поврзани со физичко насилство, туку и на сите континуирани напади (вербални и физички) врз здравствените работници.
- Фармацевтите како едни од најдостапните здравствени работници, секојдневно се изложени на постојан ризик за својата безбедност. Ова се однесува на фармацевтите кои работат во аптеките, болниците и лабораториите и во другите здравствени установи, посочи Ангеловска.
Истакна дека фармацевтската професија е хумана и благородна и е во функција на здравјето и благосостојбата на пациентите. Ставајќи го пациентот во фокусот на вниманието, Фармацевтската комора како еснафска организација посветува врвно внимание на едукацијата на своето членство во обезбедувањето најдобра можна услуга, максимално почитувајќи ги правата на пациентите.
- Како експерти за лекови, фармацевтите се секогаш подготвени на пациентите да им ги дадат потребните совети поврзани со нивното здравје. Граѓаните се во постојан и непосреден контакт со фармацевтите. Затоа, апелираме до сите граѓани да се воздржуваат од секаков вид напади врз фармацевтите, а надлежните регулаторни органи да преземат соодветни мерки за заштита на интегритетот на здравствените работници, додаде Ангеловска.
Таа на прес-конференцијата го прочита ставот на клиничките и болничките фармацевти вработени во ЈЗУ Универзитетски клиники-Скопје, кои најостро го осудуваат нападот врз докторот од Клиниката за дигестивна хирургија и изразуваат револт поради непочитување на белиот мантил, професионалноста, стручноста и пожртвуваноста на здравствените работници.
Ново на Сител
-

Трамп: Американските сили ќе се повлечат од Иран „многу брзо“
-

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење наредната недела на Влада, синхоринизирани сме со сите институции
-

Сиљановска Давкова и Милатовиќ: Македонија отсекогаш имала реформски капацитети, потребна е политичка волја во ЕУ за забрзување на процесот на проширување
-

Средба на Мицкоски со Милатовиќ: Продолжуваме да градиме мостови на пријателство, стабилност и заеднички напредок
-

Малолетничка нападната од две други девојчиња во парк во Ѓорче Петров
-

Мартин Саздов започнал љубовна врска со Ивана, Стојанче се заканувал дека ќе објави експлицитни видеа
-

Мицкоски: Јавноста очекува одговори како беа „оживеани“ предметите на СЈО, за 27 април, за модуларната болница во Тетово
-

Облачно и студено до недела, ветер и до 70 километри на час
