„Фајнанс Тинк“: Неизвесноста во економијата останува присутна и во четвртиот квартал

Неизвесноста во економијата останува присутна и во четвртиот квартал од годинава поради тековниот бран од пандемијата, забавувањето на темпото на имунизација и појавата на нови соеви на вирусот, како и поради притисоците од растечките цени на храната и енергијата, кои се очекува да бидат присутни и во текот на следната година, оценува „Фајнанс Тинк“ во најновиот макроекономски извештај.
„Фајнанс Тинк“ ја задржува проекцијата за растот на БДП за годинава на 4,1 проценти, а проекцијата за следната година според нив е 4 проценти.
Во извештајот се анализира и растот на БДП од 3 проценти во третиот квартал од годинава. Според „Фајнанс Тинк“, ваквиот раст се должи на консолидацијата на економските текови и напредувањето на имунизацијата, но сепак, како што посочуваат, растот е остварен на се уште ниска споредбена основа од третиот квартал од 2020, во кој економијата се намали за 5,1 процент по владината интервенција за ублажување на ударот од пандемијата.
– Според дејности, растот во третиот квартал од 2021 е на широка основа, но со забележлив пад на преработувачката индустрија (-5.8%), поради изразените неизвесности во глобалната и домашната економија, сврзани со растечкото влијание на делта сојот од Ковид-19 и забавувачкото темпо на имунизација кон крајот од кварталот. Според тоа, и бруто инвестициитесе задржаа на нивото од пред една година (0.4%), додека извозот и увозот
Невработеноста во третиот квартал од годинава бележи благо намалување на 15,7 проценти, вработеноста бележи благо зголемување, од 47,3 на 47,4 проценти, што, според „Фајнанс Тинк“ упатува на тоа дека неизвесноста во економијата го засилила својот притисок врз пазарот на труд споредено со претходните квартали. Во третиот квартал, како што се посочува, евидентно е понатамошното губење работни места во преработувачката индустрија (околу 3,000 во однос на вториот квартал), стагнацијата кај угостителството (ист број работници) и консолидацијата во транспортот (креирани 6,500 работни места) и трговијата (3,800).
Ново на Сител
-

Николоски: Преговорите за превозниците за Шенген зоната се во тек и ќе завршат во септември
-

Калин Ивановски со Тексас Универзитетот го освои Зимското првенство на САД
-

Николоски: Автопатот Прилеп - Битола се гради со силна динамика
-

Во ФЗОМ дијалог за зголемување на платите во здравство
-

Трамп е блиску до донесување одлука за започнување голема војна на Блискиот Исток, шансите се 90%
-

Поранешните лидери на ОВК се изјаснија за невини во завршните зборови пред судот во Хаг
-

Шест обиди за измами со лажни лекари, пет во Неготино и еден во Велес
-

Приведени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
