-->
-->
Фајнанс Тинк: Капиталните инвестиции со значителна подреализација
-->
- Во првата половина од 2018 година, реализацијата на капиталните инвестиции на државата изнесува 16.6% од буџетираните капитални инвестиции, со што капиталните инвестиции и понатаму бележат значајна подреализација, оценуваат од Институтот за економонски истражувања и политики „Фајнанс тинк“.Според овој институт, забавувањето на реализацијата на клучни капитални инвестиции на државата (првенствено автопатиштата) е главната причина за големата подреализација во првата половина од 2018 година, што, наведуваат, ќе има клучна рефлексија врз вкупниот економски раст во Македонија.
Иако, тенденцијата на подреализација на капиталните инвестиции е присутна во последната деценија, сепак, посочуваат, подреализацијата на износот во првата половина од 2018 година е под износот на подреализациите од претходните години.
- Со предвидената динамика на реализација и имајќи ги предвид претходните искуства за благо забрзување на реализацијата на капиталните инвестиции кон крајот на годината, износот на искористување на капиталните инвестиции ќе достигне до 40% од првичниот буџет. Оттука, неминовно е дека ќе дојде до потребата да се реализира претходната практика на ребаланс на буџетот со цел пренамена на средствата кои е очигледно дека ќе останат неискористени до крајот на годината, наведуваат од Фајнанс Тинк.
Институтот го повикува Министерството за финансии да ја информира јавноста што е клучната слабост во реализацијата на капиталните инвестиции и да се заложи за нивна што поголема реализација до крајот на годината, како и за што ќе бидат реалоцирани вишокот средства со извесниот ребаланс на буџетот и како тие ќе придонесат за динамизирање на економскиот раст.
Во однос на општата кондиција на буџетот, реализацијата на останатите приходи и расходи е коректна, оценуваат од Фајнанс Тинк и го поздравуваат опстојувањето на патеката на фискалната консолидација во делот на тековните трошоци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Малолетничка со породилни болки донесена на Клиниката за гинекологија, мајката е приведена
-

Папата Лав XIV лично ќе ја претстави својата прва енциклика за вештачката интелигенција
-

Жолт метеоаларм во Париз поради топлотниот бран, Велика Британија пред соборување три рекорди
-

До крајот на неделата претпладне сончево, попладне дожд и засилен ветер
-

Шампионска титула за МЗТ Скопје Аеродром
-

Најмалку петмина повредени откако трамвај излета од шини и удри во зграда во Белград
-

Љутков од Рим: Чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј е духовен мост и светилник што со векови го чува пламенот на словото
-

Вучиќ: Моја оставка, па избори
