Ф-1: Радост за Ботас на Сузука

Возачот на Мерцедес Валтери Ботас е победник на 16 трка оваа сезона во Формула 1, Големата награда на Јапонија. Финецот од Мерцедес победи пред Себастијан Фетел од Ферари и клупскиот колега Луис Хамилтон. Со бодовите што ги освоија Ботас и Хамилтон, Мерцедес на пет трки до крајот на сезоната ја освоија титулата меѓу конструкторите. „Мерцедес“ стигнаа до шестата титула меѓу конструкторите по ред со што го срушија рекордот кој до оваа година го делеа со Ферари.
Ботас на патеката Сузука ја забележа третата победа во сезоната, а до заслужениот триумф дојде благодарение на неверојатниот старт, кога успеа да ги мина двајцата возачи на Ферари, Фетел и Леклер кои трката ја започнаа во првиот стартен ред.
Фетел кој стартуваше од првата позиција до крајот на трката водеше голема борба за второто место со Хамилтон, кој со третото место уште повеќе се доближи до одбраната на титулата.
Покрај Ботас трката ја бележа инцидентот на почетокот кога Леклер го истурка од патеката болидот на Макс Верстапен. Иако му беше оштетен болидот и делови од него паѓаа по патеката Леклер не сакаше да влезе во боксот, додека Верстапен ја заврши трката. Еден дел од болидот на Леклер го оштетил ретровизорот на болидот на Хамилтон.
Поради овој инцидент возачот на Ферари се наоѓа по истрага.
Бодови во Сузука освоија Александер Албон (Ред Бул), кој го забележа најдобриот пласман во кариерата, односно Карлос Саинц (Мекларен), Шарл Лекелр (Ферари), Даниел Рикардо (Рено), Пјер Гасли (Торо Росо), Серхио Перез (Рејсинг Поинт) и Нико Хулкенберг (Рено).
Еден дополнителен бод освои Хамилтон, кој го возеше најбрзиот крук. Бритамецот води во генералниот пласман со 338 бода, а го следат Ботас со 273 и Леклер со 223.
Наредата трка ќе се вози на 27 октомври во Мексико.
Ново на Сител
-

Жолто ниво на предупредување од поплави, постои потенцијална опасност од излевање на реките
-

РКЕ следната недела ќе ги утврди тарифите за пренос и дистрибуција на струја, нема да има поскапување
-

Фонд на ПИОМ: Исплатата на пензиите не е загрозена, тие ќе пристигаат секој први во месецот
-

Црногорската полиција разби мрежа на проруски платеници, уапсен државјанин на БиХ со 1,5 милион евра
-

Парното греење поскапува 1 декември, сметките повисоки за околу 130 денари
-

УХМР: Зимата 2025/2026 ќе биде малку потопла од просекот, со просечни врнежи и изразени месечни осцилации
-

Мицкоски: Нема да има ценовен шок за домаќинствата, Владата ќе продолжи да ја субвенционира цената на струјата
-

Три лица приведени поради закани кон кавадарчанец и член на неговото семејство
