-->
-->
Ф-1: Победа на Фетел во Сингапур
-->

Германскиот ас Себастијан Фетел со Ферари победи на Големата награда на Сингапур, 13-та трка во шампионатот на Формула 1. Фетел ја забележа третата сезонска победа, вкупно 42-ра во кариерата, со која се искачи на третото место на вечната листа. Пред Фетел се Михаел Шумахер со 91 и Ален Прост со 51 победа.
Второто место во Сингапур му припадна на Даниел Рикардо (Ред Бул), а успешниот викенд на Ферари го комплетираше Кими Раиконен кој го освои третото место.
Актуелниот шампион и лидер во генералниот пласман Луис Хамилтон поради проблеми со болидот не ја заврши трката, што е негово прво откажување оваа сезона.
Трката за Големата награда на Сингапур во целост мина во знакот на Фетел, кој стартуваше од првата позиција и со сигурно возење не им дозоволи на конкурентите во ниту еден момент да му ја загрозат позицијата.
Два пати на патеката излегуваше безбедносното возило, еднаш поради инцидентот кој го имаа Маса и Хилкенберг, а вториот пат поради еден навивач кој влезе на патеката. За среќа двата инциденти минаа без последици.
Зад најдобрите тројца трката ја завршија Розберг (Мерцедес), Ботас (Вилијамс), Квјат (Ред Бул), Перез (Форс Индија), Ферстапен и Саинц јуниор од Торо Росо и Наср (Заубер).
Хамилтон во генералниот пласман води со 252 бода, неговиот тимски колега Розберг е втор со 41 бод помалку, а Фетел на шест трки до крајот на првенството има 203 бодови.
Наредната трка во првенството на Фромула 1 ќе се вози во Јапонија на 27.септември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Три малолетни девојчиња нападнати од четири женски лица во Аеродром
-

Општина Струга не може да го продаде „аудито“ на Мерко од 67.000 евра поради стар долг
-

Малолетници нападнале 15-годишник во Скопје, еден од нив пукал со пиштол кон него
-

МНРиНТ: Досега реализирани четири летови за евакуација на граѓани од Блискиот Исток, превезени вкупно 458 патници
-

Семејството ја пријавило за исчезната, познат идентитетот на пронајдената жена во Вардар
-

15-годишен чирак со остар предмет го нападнал синот на газдата на берберница во Арачиново
-

ИДФ го погодиле нуклеарниот комплекс Телеган, крај Техеран
-

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче
