Европол: Над 200.000 жртви во кибер нападот што погоди 150 држави

Од кибер нападот нападот што почна во петокот погодени се над 200.000 фирми и поединци во 150 држави, изјави шефот на Европол Роб Вајнврајт.
Во изјава за Ај-Ти-Ви тој рече дека светот се соочува со интензивен напад и постои загриженост за исклучително високо ниво на можни напади в понеделник.
Најпогодени се Русија и Велика Британија.
Експерти за кибер безбедност укажуваат дека следен напад е можен многу скоро и би бил – незапирлив.
– Се соочуваме со закана што ескалира и станува се поголема, изјави тој. Според него, нападот бил „без преседан“.
– Секоја година имаме по околу 200 глобални операции против кибер криминал, но вакво досега не е видено, изјави Вејнврајт.
– Според најновите податоци погодени се над 200.000 фирми и поединци во 150 држави, нагласи тој. Вајнврајт рече дека досега има само „мал број“ случаи кога на напаѓачите им било исплатено за откуп.
Кинески медиуми јавуваат дека глобалниот кибер напад погодил и многу мрежи на универзитети во Кина. Медиуми во Пекинг јавуваат дека студенти ширум државата пријавиле дека нивните компјутери се погодени од вирусот поради кој им е ограничен пристапот до материјали за учење.
Во секој поединечен случај на мониторот се појавува барање за исплата на 2.000 кинески јуани (300 долари) за да им бидат ослободени фајлови од компјутерот.
Ново на Сител
-

Венс: Потезите на американската администрација во економијата и кон Иран ќе донесат придобивки во иднина
-

Приведен 18 годишен кумановец, при претрес во неговиот дом пронајдено е оружје
-

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот
-

Бобан Илиоски со спектакуларно деби во „Глори 110“ – го нокаутира фаворитот уште во првата рунда!
-

Браун: Леброн е најдобриот кошаркар на сите времиња, чест е да се игра со него
-

Макрон за насилните протести: Тие кои напаѓаа и ограбуваа ќе бидат кривично гонети и казнети
-

Во Литванија граѓаните во засолништа поради непознат летачки објект
-

Одлуката на Трамп да ги укине санкциите против Русија предизвика незадоволство кај членовите на Конгресот
