Европа и миграциите во фокусот на пленарната летна сесија на ПССЕ

Европа и миграците ќе бидат во фокусот на пленарната летна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) што се одржува во Стразбур од 26-30 јуни 2017 година, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
На пленарната сесија ќе бидат разгледани четири извештаи во среда 28 јуни, кои се однесуваат на хуманитарните и политичките одговори на кризата на миграцијата, влијанието на човековите права од европскиот одговор на транзитната миграција, миграцијата како шанса за европски развој и интеграција на бегалците во време на силен притисок.
Во дебатата, покрај парламентарците од 47 земји членки ќе земат учество уште и Торбјорн Јагланд, генералниот секретар на Советот на Европа; Јоргос Каминис, градоначалникот на Атина; Нилс Муижниекс, комесарот за човекови права на Советот на Европа и Морган Јохансон, министерот за правда и миграција на Шведска.
Меѓу другите точки на дневиот ред на ПССЕ, се предвиени уште и признавањето и спроведувањето на принципот на одговорност на ПССЕ, промовирање на интегритет во владеењето во борбата против политичката корупцијата и парламентарната контрола на корупцијата.
Предвидени се исто така и дебати за ситуацијата во Белорусија и политичкото влијание врз независните медиуми и новинари.
Павел Филип, премиерот на Република Молдавија, како и Душко Марковиќ, премиерот на Црна Гора ќе треба да одржат говор пред парламентарците, додека Лубомир Заорлек, министерот за надворешни работи на Република Чешка, ќе се обрати ПССЕ во својство на претседавач со Комитетот на министрите на СЕ.
Дел од парламентарците поднесоа барање за ургентна дебата за "Заедничката европска борба против тероризмот - успеси и неуспеси".
Ново на Сител
-

Генерал Мандон: Франција има само три години да се подготви за евентуален руски напад
-

Грчко МНР: Герапетритис и Мицкоски на средбата во Лондон се осврнаа на многу добрата клима во билатералните односи
-

Од утревечер повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни
-

По смртоносниот пожар, оставка поднесе директорот на Домот за пензионери во Тузла
-

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот
-

Новиот градоначалник на Њујорк вели дека ќе стави крај на „културата на корупција“
-

Затворањето на владата на САД станува најдолго во историјата
-

Љутков: Македонија останува посветен партнер во остварувањето на мисијата на УНЕСКО
