Евролига: Реал пресилен за Будуќност
Актуелниот шампион од Евролигата, Реал Мадрид со високи 89:55 го декласираше шампионот од АБА-лигата, Будуќност од Подгорица за да го комплетира совршениот скор од 4-0 по четири меча, додека Фенербахче „падна“ во турската пресметка со Анадолу Ефес, губејќи со 89:83.
Фенер преку Јан Весели доминираше во првото полувреме и тимот на Жељко Обрадовиќ беше до голема победа, но предноста од +14 на полувремето не беше доволна, по фуриозната трета четвртина на Ефес. Роди Бобуа го заврши мечот со 17 поени, Морман имаше 15, додека во Фенер, Јан Весели уфрли 20 поени.
Најдраматично вечерва беше во Милано, каде што домашниот тим стигна до драматична 81:80 победа над Химки, во неверојатна луда последна минута. Сергеј Моња уфрли три поени на 24 секунди пред крајот со што Химки имаше предност од два поени, но Мајк Џејмс веднаш имаше обид за тројка од другата страна по што беше фаулиран и потоа три пати беше прецизен. Сепак, последната топка за одлука беше во рацете на кошаркарите на Химки, кои му дадоа на Швед, кој не успеа да реализира. Џејмс имаше 25 поени, додека за Химки Џордан Мики уфрли 26. Швед се задоволи со 19, но со очајни 5-од-19 од поле. Химки уште нема победа во Евролигата оваа сезона.
ЕВРОЛИГА, 4.КОЛО
Анадолу Ефес – Фенербахче 89:83 (12:26, 26:26, 28:13, 23:18)
Баерн – Басконија 77:71 (20:11, 23:21, 18:20, 16:19)
Милано – Химки 81:80 (23:20, 16:25, 27:17, 15:18)
Олимпијакос – Макаби Тел Авив 88:80 (18:21, 27:16, 23:20, 20:23)
Реал Мадрид – Будуќност 89:55 (21:15, 23:16, 21:13, 24:11)
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни осум пожари, под контрола пет и 12 изгаснати
-
Изгаснат пожарот кај делчевско Стар Истевник, на границата со Бугарија
-
Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје
-
Пожар во стан на ул. „Кочо Рацин“ во Скопје - Седум лица вдишиле чад
-
Папата побара прекин на огнот во Газа за време на телефонски разговор со Нетанјаху
-
Пијан скопјанец отстранет од патот Охрид-Кичево - бил однесен во болница, па во притвор
-
Коњановски ги демантира наводите на социјалните мрежи: Казната ја платив веднаш | ФОТО
-
Рама: Секојдневно се соочуваме со кибер-напади од Иран