-->
-->
Евроамбасадорот Жбогар во посета на општина Куманово
-->
Шефот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар денеска ја посети општина Куманово каде на средба со градоначалникот Зоран Дамјановски се запознал со прашањата кои го засегаат Куманово како општина.

Евроамбасадорот Жбогар рече дека со Дамјановски разговарале и за проектите реализирани во општината кои се финансирани од ЕУ, и се осврна на отпочнувањето на рехабилитацијата и изградбата на канализациската мрежа, проект поврзан со животната средина.
- Јас ја гледам мојата мисија, не само како мисија на справување со политички проблеми, со политички прашања, кои што се сконцентрирани во Скопје, туку јас планирам да излезам надвор од Скопје да посетувам општини, затоа што граѓаните на општините не живеат помеѓу министерствата, туку живеат во самите општини и токму таму, во општините се вистинските проблеми кои ги засегаат самите граѓани, проблеми кои се поврзани со водоснабдувањето, со канализациониот систем, со образованието, со економските проблеми и ред други прашања со кои се соочуваат самите општини, рече Жбогар.
Тој нагласи дека прашањето на животната средина преставува врвен приоритет на ЕУ на кое ќе се фокусира во иднина и додаде дека во овој контекст планира да посети и други општини.
Дамјановски информира дека проектот за реконструкција и изградба на канализациска мрежа е еден од најголемите ИПА проекти што Куманово го доби во последните десет години.
- Станува збор за рехабилитација и изградба на канализациската мрежа во должина од околу 25.700 метри, проект кој чини 4 милиони 580 илјади евра, рече Дамјановски заблагодарувајќи се на Европската канцеларија за поддршката на Куманово.
На средбата, додаде, било разговарано и за другите сегменти за развојот на економијата, економската миграција, за преспективата на младите, за образованието.
- Мислам дека најдовме многу заеднички ставови по однос на перспективите на Република Македонија и на општина Куманово, рече Дамјановски.
Евроамбасадорот Жбогар во рамки на престојот во Куманово го посети и Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост во градот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Франција регистрираше над 5.700 дополнителни смртни случаи за време на јунскиот топлотен бран
-

Ветерот го однесе знамето на Македонија од јарболот во центарот на Куманово, ќе биде поставено ново
-

Просечната нето плата во мај 49.544 денари
-

Сопственик на ресторан со две „Мишелин ѕвезди“ во Јужна Кореја се соочува со затвор оти послужувал мравки во десерт
-

ЕВН Македонија: Невремето ја оштети и дистрибутивната мрежа, 90 отсто од дефектите се санирани
-

Герасимовски: Кризниот штаб на Центар со итни мерки, се вклучуваат и куќните совети, теренските екипи работат во повеќе смени
-

Клиничка болница-Штип: Пациентите со скршеници од источниот регион да се транспортираат во другите болници
-

62-годишник силувал девојче кое не наполнило 15 години во Струмица
