Евроамбасадорот Жбогар во посета на Општина Аеродром
Шефот на Делегацијата на ЕУ, Самуел Жбогар, вчера ја посети Општина Аеродром каде со градоначалникот Златко Марин разговараше во врска со активностите околу прославата на Денот на Европа – 9 Мај.
Како што соопштија од општината, и оваа година аеродромци можат активно да се вклучат во низата настани по тој повод како што се скопскиот маратон, планинарскиот марш на Водно, дебати и други културни манифестации.
-Токму Општина Аеродром годинава имаше чест да го почне одбележувањето на овој европски празник со традиционалниот ликовен хепенинг за децата од детските градинки и од основните училишта на тема „Моите соседи како мои пријатели“. Целта на оваа манифестација е да се развие детската уметничка креативност и инвентивност и европските вредности да се доближат до младата популација од Аеродром, се наведува во соопштението.
Цртежите од ликовниот конкурс, како и наградените творби, ќе бидат изложени во трговскиот центар „Капитол мол“ до 9 мај.
Ново на Сител
-
18-годишник со мопед удрил во паркирано возило, тешко повредена неговата малолетна сопатничка
-
НАТО го поздрави мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан
-
Сирија одбива да учествува на состаноците со курдските сили во Париз
-
Иран го поддржа мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија
-
Кабел со кој се крадела електрична енергија предизвикал пожар на куќа и бандера во Чаир
-
Пожар во автобус на ЈСП - во него немало патници
-
Исчезна 16-годишно девојче во Струмица
-
Опожарено возило во Скопје, нема повредени